×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Центарот за култура распиша конкурс за изложбата „Самоуки 2023“

    04.05.2023 10:44 | Оливера Пешевска

    Центарот за културата „Трајко Прокопиев“ го распиша огласот за традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2023“ на кој можат да се пријавата сите неакадемски уметници од Општина Куманово. Конкурсот е отворен до 26 мај, а изложбата е закажана за почетокот на јуни.

    Центарот за култура  распиша конкурс за изложбата „Самоуки 2023“

    На овој конкурс можат да земат учество сите сликари или вајари кои немаат формално образование во областа на уметноста.

    „Ги повикуваме сите неакадемски уметници од Општина Куманово да земат учество на оваа изложба конкурирајќи со три дела по сопствен избор. Темата е слободна како и техниката, а секое дело треба да е опремено за закачување“, се пропозициите пропишани во конкурсот и објавени во соопштението на Центарот за култура.

    Селекција на сите пристигнати дела ќе направи стручна комисија при Центарот и ќе ги извести учесниците.

    Потребата за традиционално организирање на ваков вид на изложби од страна на Центар за култура во Куманово е утврдено уште на почетокот на деведесеттите години и е  резултат на иницијатива на повеќе кумановци – неакадемски уметници кои зад себе имаат сериозна ликовна продукција.

    Традицијата  покажала дека оваа изложба има одреден квалитет и естетско ниво, може да понуди и масовност.