Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, денеска го прославува патрониот празни и 40 години постоење и успешна работа, испраќајки ја пораката дека ќе остане храм на културата во нашиот град.
„Двата големи поводи за прослава, раѓањето на нашиот патронат Трајко Прокопиев и 40 години од формирањето на центарот, ќе ги споиме во една манифестација. Се работи за голем јубилеј, кој сакаме да го прославиме на начин како што доликува, иако работиме во специфични услови. Нашата институција во изминатите 40 години беше храм на културата, така ќе остане и во наредниот период. Во изминатите неколку години воведовме многу нови содржини за сите генерации и ги вративме нашите подджувачи таму каде што припаѓаат. Сега работиме на подобрување на техничките услови во објектот како за публиката, така и за вработените. Се надевме дека пандемијата брзо ќе заврши и публиката ќе се врати во салите и на концерите“, изјави директорот Сашо Тодоровски.
По тој повод вечерва во големата сала во 20 часот концерт ќе одржи оперската певица Весна Гиновска Илкова и музичкото трио Трио Џентлмен.
На најстариот вработен Јовица Цветковски, кој работи од отворањето на центарот ќе ми биде доделена специјална награда за успешна работа.