×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ го одбележа патрониот празник

    07.11.2023 16:47 | Оливера Пешевска

    Центарот за култура во Куманово, кој го носи името на познатиот композитор Трајко Прокопиев денеска го прослави патрониот празник. На манифестацијата присуствуваа членови на општинската администрација, претставници на јавни и образовни институции, соработници и спонзори на Центарот, како и заинтересирани граѓани.

    Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ го одбележа патрониот празник

    „Горди сме што го носиме името на големиот композитор и творец Трајко Прокопиев, кој оставил голем и неизбришлив траг на севкупното културно работење на овие простори. Очекуваме и во иднина да бидеме двигател и поттикнувач на убавите работи во градот, место каде граѓаните ќе се чувствуваат задоволно и слободно. Центарот за култура е формиран во 1981 година, иако идејата за Дом на културата постоела и претходно. Оттогаш се трудиме да ја оправдаме својата дејност овозможувајќи на помлади и повозрасни сограѓани активно да се вклучат во институцијата преку реализација на проекти од културата“, истакна директорот Сашо Тодоровски.

    За десетгодишнина од работењето во Театар Куманово прикладни подароци добија Симона Тоскиќ, драматург и Сања Русевска, актерка. Од Центарот за култура за својот труд беа наградени Горан Јакимовски, сценски раководител со повеќе од 30 години поминати во институцијата и Јовица Цветковски, пензионер кој 43 години поминал во Центарот за култура.

    Културно-уметничката програма ја збогатија со свои настапи гостите од Националната опера и балет Соња Пендовска Мадевска-солист во придружба на гитаристот Златко Мадевски, потоа вокалистот Шпетим Мустафа, Фолклорното друштво Срма и хорот на училиштето 11 Октомври, со солистот Вања Петровиќ.