×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Центарот за култура доби 78.000 евра за проекти од национален интерес

    22.02.2025 14:13 | Оливера Пешевска

    Министерството за култура одобри 4,8 милиони денари или 78 илјади евра за проекти од национален интерес на Центар за култура „Трајко Прокопиев “ во Куманово за 2025 година.

     

    Центарот за култура доби 78.000 евра за проекти од национален интерес

    „Ние сме задоволни од таа сума, речиси сите проекти со кои аплициравме до Министерството за култура беа одобрени. Добивме повеќе пари во споредба со лани, добивме средства за некои дејности со кои до сега не располагавме, па и ќе имаме можност за реализација на повеќе настани“, вели директорот Сашо Тодоровски.

    Најмногу пари, во висина од  2,9 денари или 47.000 евра се одвоени за четири претстави, две на мекдонски и две на албански јазик. За претставата на режисерот Јане Спасиќ „Сакатиот Били од Ининшман“ се предвидени 725.000 денари, а за „Калигула“ во режија на Ѓорѓи Ризески – 775.000 денари. Албанската драма ќе соработува со режисерот Ќазмедин Нуредини на делото „Грабеж на дијамантот“ која ќе чини 625.000 денари, додека за подготовка на „Улица Вавилон“ во режија на Куштрим Бектеши се издвоени 775.000 денари. 

    За театарскиот фестивал „Денови на комедија“ се доделени 800.000 денари, 200.000 денари повеќе од лани. 

    Фестивалот на проза ќе се реализира со 300.000 денари, но како посебна ставка се 100.000 денари се за реализација на годишната програма за литературна дејност.

    За ликовната дејност се одобрени средства за 8 изложби: „Самоуки 2025“, „Скици“, изложба на слики од Емилија и Стојче Тоциновски, изложба на скулптури од Соња Поповска- Трајковска, 55 години творештво на Боро Арсовски - Бабата, 50 години на Мирослав Трендафиловски- Мики, изложба на слики на Марјан Стојановски и на Мухамед Идризи. За ова програма од областа на визуелната уметност, архитектурата дизајнот се одобрени 330.000 денари.  

    Ќе се финасираат и проекти од фолклорната дејност: едногодишна работа на Детскиот младински фолклорен ансамбл „Срма“ со 100.000 денари, семинари од областа на фолклорот со 80.000 денари, прослава на празникот Илинден со 100.000 денари. Младинскиот оркестар на „Трајко Прокопиев“ и годишниот концерт на албанскиот оркестар. Двата проекти добиваат по 40 илјади денари.

    „Би сакал да посочам дека освен наведените проекти, имаме одобрено и концерти кои ќе ги работиме со други корисници, преку повикот во септември, поднесовме некаде 30- тина апликации за кои ни јавија дека се одобрени. Така што, освен годишната програма на центарот ќе има и 30 дополнителни настани кои ќе бидат од други корисници кои аплицирале до Центарот за култура“, потенцира директорот.