×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Центарот за лица со хендикеп, пример за успешна сервис служба

    14.04.2011 13:55 | KumanovoNews

     Делегација на родителски невладини организации на деца со интелектуална попреченост од Киргистан, Казахстан и Таџекистан, денеска го посетија Дневниот центарот на лица со интелектуална попреченост во Куманово, и се запознаа со неговата работа , по што ќе ги пренесат стекнатите искуствата во нивните земји.

    Центарот за лица со хендикеп, пример за успешна сервис служба

    Гостите се интересираа како е организирана работата на центарот и каква е улогата на државата, бизнис заедницата, невладиниот сектор и семејствата во обезбедување на финасиските сретства за нивно непречено функционирање.

    Тие бараат искуства во однос на сервисните служби за да можат да го земат од нас она што кај нив недостасува. Ние сме понапред од нив, и нашето искуство може да се примени кај нив, бидејќи многу тешко се пресликуваат стандардите од западно-европските држави затоа што имаат високи стандарди. Тие се сега во фаза како ние пред 10 години кога ги отваравме првите центри- вели Чедомир Трајковски, родител на дете со интелектуална попреченост и претседател на републичкиот центар „Порака„.

    Според него не е доволно да се отвори само еден центар за дневно згрижување на лицата со интелектуална и умерена попреченост во градот, туку се потребни многу повеќе сервисни служби за потребите на овие лица. Со ваквиот начин на згрижување децата не ја губат врската со своите семејства што е многу значакно за нивната социјализација.

    Соработката со родителите од поранешните советски републички,започнала пред еден месец на меѓународна конференција во Киргистан, каде било утврдено дека Македонија е понапред во однос на згрижувањето на лицата со попреченост.

    Дојдовме да стекнеме искуство од нашите колеги од Македонија, а воедно да размениме искуство со нашите пријатели од соседните земји од каде доаѓаме.Сретнавме многу интересни работи и се надевам дека ќе ги примениме кај нас. Нашиот центар во Алмата во Казакстан прифаќа деца од самото раѓање, па до неограничена возраст, но тоа го организира невладина организација, а не државата. Затоа имаме само еден центар во целата држава каде што се сместени 120 деца -вели Татјана Шарифова од Алмата.

    Дневниот центар во Куманово работи во состав на Центарот за социјални работи и обезбедува повеќечасовно згрижување на децата до 18 години во текот на денот, под стручен надзор на психолог, педагог и дефектолог.

    Тимот настојува децата да се стекнат со секојдневни навики на хигиена, исхрана и другите потреби да ги извршуваат сами. Децата попладне се своите родители и по тоа се разликуваме од центрите кои се од затворен тип, кои  обезбедуваат трајно згрижување, без присуство на семејството. Ние сме задоволни од оваа посета и подготвени сме секогаш да помогнеме и да ги пренесеме нашите искуства- рече директорот Даниел Живачки.

    Покрај во државниот центар во Куманово, делегацијата од Киргистан,Казахстан и Таџекистан ќе ги посети центрите во Крива Паланка, Порака во Охрид и Скопје, каде се сместени повозрасни лица, а ќе се организира тркалезна маса каде ќе ги споделат искуствата.