Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по повод Денот на ослободувањето на Куманово, „ 11 Ноември“ упати честитка до своите сограѓани- кумановчани, на кои им посакува добро здравје,благосостојба,,личен и заеднички просперитет.
Спасовски потсетува на првите слободарски денови и на одржувањето на првиот народен митинг, прв и во слободна Македонија, на кој биле упатени пораки за испишување на нова државничка историја, за градење на модерен и значаен стопански,културен и спортски центар на Балканот.
„Така сме познати ние како кумановци,по нашата борбеност,по идеалите за еднаквост и слободарска традиција која ја негуваме со векови наназад и која е наш светилник,како тогаш,така и сега,небаре сме создадени да бидеме предводници на промените“истакнува Спасовски.
Тој ги поздравува и ги повикува кумановчани од сите етнички групи да се обединат во една единствена цел.
„Нашиот заеднички дом да го преобразиме во европски, да се избориме за еднаквоста со европските земји на достоинствен начин и силно верувам дека ќе успееме во овој наш современ поход“, се вели во обраќањето на министерот Спасовски, по повод Денот на ослободување на Куманово.