Честитка од градоначалникот за Рамазан Бајрам
28.07.2014 07:30
| KumanovoNews
Градоначалникот Зоран Дамјановски, на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита големиот празник Рамазан Бајрам со желби за добро здравје, мир, радост и успех во животот.
- Посакувам овој голем празник да го зацврсти заемното почитување и соработката помеѓу сите граѓани без разлика на верската или етничката припадност. Ви посакувам година на љубов, разбирање и многу нови успеси во прилог на придобивките за целата локална заедница - стои во честитката од градоначалникот.