×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Честитка од министерот Спасовски по повод 11 Октомври

    11.10.2021 09:59 | Сузана Николиќ

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по повод празникот 11 Октомври, упати честитка до граѓаните на Македонија.

    Честитка од министерот Спасовски по повод 11 Октомври

    Денеска со гордост и достоинство го одбележуваме 11 Октомври, како еден од најзначајните датуми во нашата историја, како паметник и потсетник дека пред 80 години македонскиот народ ја донесе вистинската одлука – да пристапи кон антифашистичката коалиција, кревајќи востание како почеток на народното ослободително движење. На 11 Октомври 1941 година Македонија кажа НЕ на фашизмот, како најголемо идеолошко зло во современата историја на човештвото и цврсто застана на страната на напредните цивилизациски и демократски вредности, стои во честитката.

    Затоа засекогаш ќе се поклонуваме на храброста на нашите предци, на оние од  Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“, на оние што во областа „Студена вода“ го формираа Кумановскиот односно Козјачкиот партизански одред, а кај „Менкова колиба“ и  Карадачкиот партизански одред. Но и на сите оние кои во чекор ги следеа во нивниот подвиг и жестоко се бореа за остварување и зачувување на идеалите за слобода, рамноправност и сувереност.

    11 Октомври е вредно наследство кое го добивме од учесниците во НОБ. Со длабока почит кон нив, пред спомените и спомениците кои сведочат за нивните херојства, сите ние - претходните и идните генерации - сме обврзани да го чуваме тоа наше завештание, да ја негуваме нивната непоколеблива верба во слободата и да продолжиме да ги чуваме и негуваме нивните идеали и визии. Тоа ја покажува нашата длабока свест дека не сме дрво без корен. Бидејќи без разлика што историјата припаѓа на минатото, нејзиното разбирање е обврска на сегашноста, наша обврска!, се вели во честитката.