×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Честитка од Сојузот на просветни работници по повод 24 Mај

    24.05.2021 07:15 | KumanovoNews

     Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, на просветните работници и други значајни лица во образовниот систем им го честита двојниот празни 24 Мај - Денот на Светите браќа Кирил и Mетодиј и Денот на просветните работници.

    Честитка од Сојузот на просветни работници по повод 24 Mај

    „На овој ден, со гордост се потсетуваме на епохалното дело на сесловенските просветители, браќата Кирил и Mетодиј, кое има огромно историско, културолошко и просветителско значење во описменување и обединување на словенските и други народи во Европа и Светот. Во деветиот век, преку просветителските мисии и создавање на првата азбука-глаголица, браќа Кирил и Методиј, словенските народи ги внесоа во поцивилизиран културолошки свет во кој се чувствувале порамноправно, при што создавале и се изразувале поавтентично на свој јазик и оставиле траен белег на идните поколенија.

    Нивните мисии, проткаени со посветеност, истрајност, хуманост и  трудољубивост, се ѕвезда водилка на просветните работници и ги инспирираат да бидат активни и конструктивни чинители во реформските образовни процеси во нашата држава.

    Една од придобивките на солунските браќа Кирили Методиј, вградување на потребата за учење и унапредување на способностите и знаењата и понатаму нека служат како поттик на просветните работници за континуирана надградба на потенцијатите, а во својата дејност, да креираат и пренесуваат апликативни и интегрирани знаења од повеќе научни дисциплини на идните поколенија водени од основните граѓански вредности-еднаквост, инклузивност, мултикултурност и недискриминативност со цел ефективно справување со современите предизвиците во Европа и Светот за подобра иднина на сите.

    Ние, просветните работници со својата посветеност и одговорност да бидеме и понатаму, прогресивната сила во унапредување на образовнието бидејќи: „Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот“ – рекол Нелсон Мандела“, - стои во честитката од Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија.

    (Фото: Свеченост организирана од Сојузот на просветни работници по повод прогласувањето на најдобри просветни работници во државата во 2018 година)