Честитка за Свети Сава од градоначалникот
27.01.2014 11:27
| KumanovoNews
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски на сите граѓани од српска националност им го честита Свети Сава националниот празник на Србите во Република Македонија.

Во мое лично име и во името на граѓаните на општина Куманово им го честитам празникот Свети Сава на сите наши сограѓани од српска националност.Им посакувам многу здравје, среќа, просперитет, благосостојба и духовен мир. Меѓусебното разбирање и почитување на традиционалните и културните вредности, се надевам дека и натаму ќе бидат темел за нашиот соживот- се вели во честитката на градоначалникот.