Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно прво и три трети места освоија учениците од Училиштето за интелектуален развој на деца „Малац Генијалац“ од Куманово, на Меѓународната олимпијада во ментална аритметика, која викендов се одржа во Белград, Република Србија.
Со медали се закитија:Јаков Спиридоновски прво место во ментален дел, Димитриј Спиридоновски трето место ментален дел, Никола Димитровски трето место писмен дел и Никола Димитровски трето место Анзан.
„Мотото под кое децата се натпреваруваа гласеше „За деца кои го менуваат светот“, во целост на своето значење тој ден покажа дека децата со поседувањена неверојатни знаења и вештини го менуваат светот. Натпреварувањето се одвиваше во неколку дисциплини на брзо сметање. Покрај решавање на математички проблеми во писмениот дел, кој подразбира решавање на 120 задачи за 12 минути, натпреварот се состоеше и од дисциплини како што се анзан, дупли анзан и супер ум. Анзан е дисциплина која подразбира решавање на долг низ броеви со брзина од 500 до 200. Особено сме горди што овие наши ученици се стекнаа со награди“, изјави Билјана Чунгурски, наставник во училиште „Малац Генијалац“- Куманово.
На олимпијадата учествуваа околу 1000 деца на возраст од 4 до 14 години, од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Унгарија, Австрија, Италија, Малта, Словачка и Норвешка.