Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четири лица се здобиле со полесни повреди во две сообраќајни несреќи што синоќа се случиле на улиците и патиштата во Куманово.
На крстосницата на булеварот „Трета МУБ“ и улицата „Народна револуција“, синоќа во 22.40 часот дошло до судир на два автомобили. Опел Астра со кумановска регистрација управувана од М.Г.(65) се судрила со Ауди А6 со швајцарски регистерски таблички на Ј.Х. (42). Во несреќата се повредени возачот на астрата и сопатникот во аудито.
Втора сообраќајна несреќа е регистрирана на магистралниот пат Куманово – Свети Николе на влезот на бензинската пумпа Роси Петрол во 23.30 часот, кога се судриле Голф управуван од Е.А.(26) и мопед кој го возел Н.3.(17). Со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој е задржан на болничко лекување, а неговиот сопатник поминал со полесни повреди.
Сообраќајка е регистрирана и на локалниот пат Матејче-Ропаљце кога дошло до судир на две возила.
(фото архива)