×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Четворица повредени во сообраќајка на патот Куманово- Крива Паланка

    15.01.2020 09:23 | KumanovoNews

     Четири лица се повредени во сообраќајна незгода на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка.

    Четворица повредени во сообраќајка на патот Куманово- Крива Паланка

    Според МВР,  вчера во 02.05 часот на магистрален пат Куманово - Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд мондео“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(24) од Крива Паланка и патничко возило „фолксваген голф“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.С.(40) од Крива Паланка.

    Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишниот сопатник во патничкото возило „фолксваген голф“, од Крива Паланка, кој бил пренесен во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобиле возачите од двете возила и Н.С., сопатничка во патничкото возило „фолксваген голф“, кои биле пренесени во Општа болница Крива Паланка.

    За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.