Четврта интернационална фото изложба “Куманово 2014„
24.12.2014 08:49
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата на уметничка фотографија “Куманово 2014“.

Изложбата ја организира “Фото Арт Ф7„. Публиката ќе погледне фотографии од автори од 56 земји од светот како Русија, Турција, Казакстан, Украина, Нов Зеланд, Саудиска Арабија, земји од соседството и други. Изложбата е под покровителство на Фото сојуз на Македонија и Интернационалната фотографска организација ФИАП.