×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЦИД организира е-курсеви за кариерен развој

    09.02.2015 14:20 | KumanovoNews

    Центарот за меѓукултурен дијалог организира е-курсеви за кариерен развој, за студенти, ученици, млади невработени луѓе или луѓе кои се вработени и сакаат да се надградуваат.

    ЦИД организира е-курсеви за кариерен развој

    Првиот циклус на е-курсеви ќе трае од 11-28 февруари, а вториот од 05-25 март. Преку курсевите учесниците ќе добијат поддршка за подготвување на мотивациско писмо, подобрување на комуникациски вештини, како и планирање и реализирање проектни идеи.

    “Секој курс е бесплатен и е во времетраење од 20-30 работни часа, а начинот на учење и следење на курсот го определуваат самите учесници. Курсевите може да се следат од компјутер, мобилен телефон или таблет. За секој курс учесниците се здобиваат со сeртификат. Веќе се достапни е-курсеви на теми: проектен менаџмент, комуникациски вештини и професионално портфолио“ - велат од ЦИД.

    Пријавувањето за првиот циклус е отворено до 10 февруари.