Цигари и авто делови запленети на Табановце
29.09.2014 13:06
| KumanovoNews
На граничниот премин Табановце викендов е спречен шверц на цигари и авто делови.

Десет штеки цигари со македонски акцизни маркички и 19 автоделови се откриени на граничниот премин Табановце автопат, во соработка со граничната полиција во автомобил со македонски регистарски таблички, пријавен за излез од државата. Непријавените автоделови се пронајдени во просторот за резервна гума, а цигарите биле сокриени под задното седиште и во потпирачите на предните седишта.