Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Градскиот плоштад во Куманово, веќе 20 дена стои шанк-приколка. Граѓаните не можат непречено да се движат по плочникот, а приколката смета и при одржување на хигиената.
Вработените во околните дуќани кажуваат дека подвижната тезга била во функција на Рома труба фест, кога на неа се продавал пијалок и оттогаш никој не ја трга. И покрај тоа што е узурпиран најзначајниот јавен простор во градот, таа е невидлива за надлежните институции. Граѓаните револтирани баарат сопственикот да се казни и веднаш да ја отстрани „Пелистерка„ која како чир стои на сред плоштадот.