×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Циклонот "Давид" го одмина Куманово?

    31.01.2015 10:03 | KumanovoNews

     И покрај најавите за невреме и обилни врнежи, во Куманово ноќеска наврнаа само 9 литри дожд на метар квадратен.

    Циклонот "Давид" го одмина Куманово?

    Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека има минимално покачување на нивото на реките, при што нема ризик од излевање.

    "На терен се работи со машини за да се санираат последиците од претходните поплави и да се делува превентивно. Проблеми во кумановско нема. Поголеми количини на дожд наврнаа во Западна Македонија"- велат од РЦУК.

    Денеска не очекува променливо облачно време со јужен ветар,  кој наместа ќе достигне брзина од 80 км на час. Температурите ќе се движат од 4 до 13 степени.