Членови на ЛДП денеска даруваат крв
09.05.2013 08:39
| KumanovoNews
Членови и симпатизери на Либерално демократска партија, денеска од 10 до 13 часот даруваат крв во просториите на одделението за трансфузиологија во Општа болница Куманово.
Акцијата е традиционална и се прави во соработка со Црвен Крст Куманово. Од партијата ги повикуваат граѓаните масовно да се вклучат во крводарителската акција.