×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Црвен крст: Апел за помош на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

    09.02.2023 19:56 | KumanovoNews

    Силниот катастрофален земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала кој на 06 февруари 2023 година ги  погоди Турција и Сирија предизвика големи материјални штети, повредени  и човечки загуби.

    Црвен крст: Апел за помош на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

    Црвениот крст на РСМ изразува длабоко жалење и искрено сочувство до народот во Турција и Сирија за жртвите од страотниот
    земјотрес. Црвениот крст на РСМ е во комуникација со Турската Црвена полумесечина и Сириска Арапска Црвена полумесечина, на кои веднаш им беше понудена првична помош.

    Преку Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ и донаторските телефонските линии, заклучно со 07.02.2023 година, собрани се околу 10 милиони денари.


    Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична
    помош на:
    -       Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ:
    300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со
    назнака: помош за населението во Турција и Сирија.
    -       како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на
    Македонски Телеком и А1.
    -       За донации на средства во странска валута:
    NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH
    MACEDONIAN
    BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
    BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
    BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
    SWIFT CODE: KOBSMK2X
    IBAN CODE: MK07300701000001228