Црвен Крст организира предавање за стрес
13.05.2014 09:28
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во понеделник во 18.30 часот Црвен Крст ќе организира предавање на тема “Стрес“.

Предавач ќе биде проф. д - р Ванчо Поп Петровски од Скопје. Темата е актуелна и на наше барање го организираме предавањето во соработка со Црвен Крст на Република Македонија - велат од Црвен Крст Куманово.
Влезот е слободен и организаторите ги повикуваат граѓаните да присуствуваат на предавањето.