Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски синоќа во Куманово подели 600 партиски книшки. Поздравувајќи ги новите членови тој им посака добредојде во големото семејство на СДСМ, и најави голема битка во освојување на власта.
Само во Куманово има 600 нови борци за новите битки. Овие луѓе доаѓаат по поразот на парламентарните избори, тогаш кога оваа партија е во опозиција. И затоа сакам да им порачам на досегашните членови да ги прифатите овие луѓе со широко срце. Овие луѓе не доаѓаат кога сме на власт, надевајќи се дека нешто ќе добијат, доаѓаат сега кога е најтешко. Кога да бидеш член на СДСМ е ризик, да бидеш изложен на притисок, на уцени и санкции. Ама и кога е најголема гордост да бидеш член на оваа партија- рече Црвенковска во своето обраќање.
Градоначалникот Зоран Дамјановски исто така ги поздрави новите членови и го изрази своето задоволство поради тоа што нивниот број постојано се зголемува. Тој истакна дека СДСМ во Куманово досега имало над 2.500 членови.
Во преполната сала, членовите и симпатизери ги поздрави и претседателката Снежана Захариева.
Оваа бројка зборува многу, бидејќи се наоѓаме во постизборен период во кој продолжува владењето на еден ненароден режим. Пред нас престои тешка борба со упорен непријател, кој што има за цел, со заплашување да владее апсолутистички додека може. Но ние уште на локалните избори ќе покажеме колку сме единствени и сложни, и ќе извојуваме убедлива победа на локалните избори 2013. Имаме успешна локална власт и мораме да докажеме дека СДСМ бил и ќе остане на власт во Куманово-рече Захариева.