Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До Државната изборна комисија за општините Куманово и Старо Нагоричене, доставени се потписи за 2 независни кандидатски листи за градоначалници и 2 за советници.
Потребниот број на потписи ги собраа независните кандидати за градоначалници Виктор Цветковски за Куманово и Горан Стојановски за Старо Нагоричане. Според информациите од Државната изборна комисија за советници се поднесени 2 листи. За Куманово носител на листата е Драги Караџински а во Старо Нагоричене Сузана Димковиќ.
Независните кандидатури за градоначалник и советници треба да ги достават до сабота 16 февруари.
Цветковски вели дека својата кандидатура до ДИК ќе ја достави деновиве, откако ќе ги заврши сите правни процедури предвидени со законот.