×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цветковски навреден, Дамјановски не се извини

    06.09.2012 14:47 | KumanovoNews

     Градоначалникот Зоран Дамјановски и дел од советниците, на денешната седница три часа расправаа за „политичкиот атак„ на членовите на Советот и без поента ја завршија дискусијата.

    Цветковски навреден, Дамјановски не се извини

    Покрај штуриот заклучок во иднина да не се преземаат активности за нарушување на угледот и честа на советниците и да се зачува дигнитетот на општинскиот Совет, довчерашните сопартијци и коалицони партнери не ги разјаснија недоразбирањата. Секој од нив остана на сопствениот став, а изостана и извинувањето на градоначалникот и дел од администрацијата.

     Не може градоначалникот поедини членови на Советот да ги нарекува отпадници на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак може да врши атак врз претседателот на Советот да го смени од работното место. Да се погледнеме едни на други во очи и да се извиниме. Тоа е човечки и на тој начин еден негативен процес ќе го свртиме во позитивна насока- рече советникот Зоран Петрушевски.

    Градоначалникот остана на тврдењето дека никого не навредил и дека не врши политички притисок врз советниците.

    Не знам што подразбирате по политички атак, но јас нема да дозволам Советот да се претвори во судница. Вршење пресија врз советниците за мене е непозната категорија. За овие два месеци на никого не сум се заканил, ниту сум му кренал телефон. Ако некој мисли дека е навреден може да покрене судска постапка. За својата грешка сум подготвен да одговарам - рече Дамјановски.

    Претседателот на Советот Виктор Цветковски навреден од јавните настапи на градоначалникот повтори дека сакале да го деградираат од работното место со промена на систематизација во ЈП „Пазаришта„.

    На членови на управен одбор им е сугерирано и вртено по телефон да гласаат за новата систематизација, каде што се предвидува место референт за правни прашања. Од кај дојде наредбата за промена на таа систематизација? Вие бевте на службено патување, но човек од вашиот кабинет ја водеше целата работа. Јас имам доказ дека вие сте директен учесник во таа работа. Сакавте да ме деградирате за 4 места пониско - рече Цветковски.

    Градоначалникот му одговори дека одлуките за негова смена се донесени од СДСМ затоа што тој повеќе не е член на партијата и не може да остане политички функционер, што било нормална појава во политиката.

    Советниците на ВМРО-ДПМНЕ се побунија дека тие не се должни да ги слушаат кавгите и личните препукувања на довчерашните сопартијци и побараа недорабирањата да си ги решат на друго место.