×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да ја браниме Македонија во духот на македонскиот непокор, порача Димитриевски

    02.08.2023 16:48 | Сузана Николиќ

    Делегација од Општина Куманово предводена од градоначалникот Максим Димитриевски, положи свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ во Пелинце, каде се одржа прославата на 2 Август – Денот на Републиката.

    Да ја браниме Македонија во духот на македонскиот непокор, порача Димитриевски

    “Денеска одбележуваме 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ, оддавајќи им почит на нашите предци, кои нѐ задолжија со своите херојски дела, поставувајќи ги темелите на современата македонска држава. Одговорност на секој од нас е да ја чуваме татковината. Да ја браниме Македонија во духот на македонскиот непокор, на слобода, демократија и општествени вредности. Да ја празнуваме македонската историја и да го негуваме македонскиот јазик како темел на нашиот идентитет. До сите граѓани од православна вероисповед упатувам искрена честитка и за големиот верски празник, во чест на Св. Илија. Нека ни е честит и вековит Илинден, за многу години АСНОМ!”, стои во честитката од градоначалникот Димитриевски.