Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сите приватни субјекти и јавни институции да преземат дополнителни мерки за заштита од ширењето на коронавирусот, препорача Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешниот состанок.
„Сите трговски центри, угостителски објекти, маркети, банки, јавни институции да вршат зголемена контрола при влез и излез во објектот, задолжително користење на средства за дезинфекција и правилно носење и употреба на заштитна маска. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2 м, носење на заштитни маски и да нема групирање на отворено, како и во затворени простории“, соопштуваат од Кризниот штаб .