×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да се почитуваат сообраќајните правила за да не се создава метеж на „Биљановска“, апелираат од полицијата

    04.11.2022 12:55 | Оливера Пешевска

    Не е предвиден посебен сообраќајен режим на улицата „Биљановска“, поради митровденската задушница кога вообичаено има зголем број на возила кон Градските гробишта. 

    Да се почитуваат сообраќајните правила за да не се создава метеж на „Биљановска“, апелираат од полицијата

    Од СВР Куманово велат дека полицајци ќе има на одредени пунктови кои ќе го регулираат сообраќајот, а доколку има потреба ќе се воведе кружно движење, што значи дека возилата ќе излегуваат преку населбата „Бабин Дол“.

    „Апелираме за трпение, смиреност и почитување на сите пропишани законски норми и етичките и морални вредности, да се почитуваат другите учесници во сообраќајот“, велат од Кумановската полиција.

    Тесното грло на улицата „Биљановска“ секогаш предизвикува нервоза и нетрпение кај граѓаните, бидејќи по тротоарите и улицата не може да се помине ни пешки ни со возила. Таксистите имаат зголемен обем на повици, па брзаат да можат да ги преземат сите патници. Најчесто недисциплината и непочитувањето на сообраќајните правила и прописи доведуваат до застој во сообраќајот. Проблемот се повторува секоја година но, откако ќе помине празникот се заборава на тоа се до следната задушница.