×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да се забрани увоз на автомобили постари од 10 години, бараат екологистите

    13.12.2024 21:43 | KumanovoNews

    Да се забрани увоз на користени возила постари од десет години и под Еуро 5 стандардот за издувни гасови и да се ограничи увозот на нови возила со минимум Еуро 6 стандард, бараат десет граѓански организации.

    Да се забрани увоз на автомобили постари од 10 години, бараат екологистите

    Тие денеска доставија писмо до Владата и премиерот Христијан Мицкоски, велејќи дека нивните барања се клучни за намалување на загадувањето.

    „Ова е една од конкретните мерки кои ги доставуваме до Владата, бидејќи сметаме дека сообраќајот е огромен фактор што придонесува за загадувањето на воздухот. Во минатото сме доставувале и други предлози, така што властите немаат оправдување да кажат дека не знаеле што треба да се направи. За споредба, во регионов вакви услови имаат воведено Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора“,  рече на денешната прес-конференција пред Владата Татјана Чакулев од „О2 Иницијатива“.

    Од граѓанските организации велат дека оваа мерка станува актуелна со најавените пониски даноци на емисијата на јаглерод диоксид и намалувањето на данокот на додадена вредност за увоз на автомобили од 2025 година.

    „Свесни сме дека увозот на возилата постари од десет години може да биде неповолно за посиромашните граѓани кои не можат да си дозволат поскапи коли, заради што сметаат дека властите мораат паралелно со оваа мерка да работат и на обезбедување на ефикасен јавен транспорт, кој исто така мора да биде еколошки“, додаваат од „О2 Иницијатива“.