×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски: Блокирани сме од политички побуди

    03.12.2013 15:55 | KumanovoNews

    Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска одговори на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, и порача дека ветените проекти што ги најавил во изборната програма ќе ги реализира кога ќе престанат опструкциите од власта.

    Дамјановски: Блокирани сме од политички побуди

    Тој тврди дека локалната самоуправа е блокирана исклучиво од државните институции.

    Куманово, благодарение на ОК на ВМРО-ДПМНЕ е блокирано со историски неправди на судски одлуки, Министерството за финансии и Водостопанство „Кумановско - Липковско Поле„ за над 300 милони денари. Се наоѓаме во една континуирана блокада од политички побуди. Проектите кои ги наведува Стојановски, првата индустриска зона изминатиов период беше топ тема во Куманово, бидејќи на шверцерски начин беше продадено земјиштето во индустриската зона во атарот на Речица и касарната Кристија Карпош. Ние сме во финаскиска окупација од партијата на власт.- изјави Дамјановски.

    За проектот со горилница за цврст отпад вели дека се бара партнер, а развојните програми се реализираат иако општината е блокирана.