×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски:Градиме и покрај сите финасиски притисоци од власта

    03.08.2013 14:32 | KumanovoNews

    Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека не ги реализира проектите што ги ветил во предизборната кампања, откако пушти во употреба две асфалтирани улици.

    Дамјановски:Градиме и покрај сите финасиски притисоци од власта

    Реализацијата на овие проекти е одговор на нашите душегрижници од ВМРО-ДПМНЕ, кои постојано не напаѓаат без аргументи и сејат магла пред граѓаните. Денеска ги промовираме проектите кои што ги завршивме, како и оние што ги започнавме и што ќе ги реализираме во наредниот период. Покрај улиците Перо Шварс, Огнен Прица и Чупино Брдо, готов е и спортскиот терен во селото Орашац на кој се монтира спортската опрема. Ќе ги отпочнеме и улиците Васко Карангелевски и АСНОМ во населбата Зелен Рид, со што ќе ги решиме сите инфраструктурни проблеми во оваа населба, како и улиците Васа Пелагиќ, Јован Поповски, ББ Гуцман, Никола Вапцаров и Романовскиот пат. Во завршна фаза е проектот на канализационата мрежа во селото Речица. Истовремено се завршува и првата фаза од затворениот базен, а со проект од Истанбул ќе започне и изградбата на аква-паркот. Се работи интензивно и ова е одговор на сите обвинувања на советниците од опозицијата дека во Општината ништо не се гради во првите 100 дена од локалната власт. И покрај сите пречки и финасиски проблеми што ги имаме од централната власт и блокирана сметка, локалната самоуправа наоѓа сретства да ги решава проблемите на граѓаните. Морам да истакнам дека Куманово трпи најголеми финасиски притисоци од сите општини во државата само затоа што градоначалникот е од опозициона партија и што ВМРО-ДПМНЕ по трет пат по ред ги изгуби изборите- рече Дамјановски.