×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски: Министрите прават политика на маката на поплавените

    28.02.2013 15:59 | KumanovoNews

     Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски смета дека министрите ги злоупотребуваат поплавите за политички маркетинг, додека Владата молчи колку пари ќе обезбеди за обештетување на граѓани.

    Дамјановски: Министрите прават политика на маката на поплавените

    Тој потврдува дека поплавени се околу 500 објекти и направена е штета од 5 милиони евра.

     Овие денови претставниците на Владата се присутни на терен со хигиенски пакети. Не само да се сликаат министрите и премиерот туку да излезат и да кажат дали ќе учествуваат во надоместувањето на штетите. Апелирам да не се користи ваква состојба за политички поени. Три министри доаѓаа овие два дена, а не даваат изјава дали Владата е подготвена и во кој обем е спремна да ги поддржи нашите граѓани во однос на она што го загубиле. Има објекти каде има штети 20.000, 30.000 па до 100.000 евра. Во овој момент мора да бидеме објективни пред граѓаните и да не даваме лажна надеж. Едноставно да ги кажеме реалните можности, а тоа е колку Владата и Општината ќе можат да надоместат за изгубеното на граѓаните- изјави Дамјановски.

    Тој објаснува дека Општината во буџетот нема ставка за елементарни непогоди, меѓутоа на утрешната седница ќе бидат утврдени сретства за основните трошоци за тековните работи во справување со последиците од поплавата. Тоа се сретства за сместување и исхрана на поплавените семејства, како и реконструкција, чистење и продлабочување на речното корито.

    Која е висината со која буџетот на Општината ќе партиципира во надоместување на штетите, зависи од проценката. Досега за три поплави ни граѓаните ниту локалната самоуправа не  добиле ни еден денар од Владата - изјави Дамјановски.

    Градоначалникот смета дека ваква поплава Куманово не памети во последните 50 години.