Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за градоначалник на СДСМ Зоран Дамјановски, вечерва изјави дека најверојатно во Куманово ќе има втор круг на избори за градоначалник.
Досегашните обработени податоци покажуваат дека разликата помеѓу мене и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ се изедначени, како што се очекуваше во помалите средини. Додека во градот, разликата ќе биде како и на минатите избори во моја корист. Најверојатно по ова, мислам дека ќе има втор круг на гласање. Тоа е мојата првична проценка. Додека не се обработат најголемите избирачки места, неможеме да зборуваме за конечни резултати. Мислам дека резултатите се повторуваат од 2011 година, кога имаше разлика од 4-5 илјади гласa во моја корист. Изборите ги оценувам за фер и демократски, без инциденти со исклучок на тоа што се приведени наши тројца набљудувачи, но и за тоа ќе почекаме официјални информции- изјави Дамјановски.
На изборите има излезеност од 60 проценти, или близу 54 илјади гласачи.