Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Зоран Дамјановски се заблагодари на гласачите кои го поддржаа во првиот изборен круг и побара подршка од гласачите да извојува победа во вториот круг на изборите.
Сакам да апелирам дека на 7 април стартуваме од нула. Ние двајцата кандидати за градоначалник ќе се бориме за 16000 гласовите, кои се дадени на други политички субјекти и партии. За мене тоа е голем предизвик, како човек и како градоначалник, кој во два мандата се водев од граѓанскиот концепт. Очекувам добар резултат на 7 април, и ги повикувам сите граѓани без разлика на етничка, национална, културолошка разлика, да излезат и да победи волјата на граѓаните. Се надевам дека нема да се повторат инциденти од 24 март- изјави Дамјановски.
Тој се надева дека и по 7 април Куманово ќе продолжи во иста насока како и досега со подршка на лево ориентираните гласачи. Договори за гласови меѓу партиите досега не е направен, но Дамјановски се надева на дел од гласовите од Српската напредна партија и дел од албанскиот блок на гласачи.