×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски: Водостопанство ги понижува граѓаните

    29.04.2013 12:47 | KumanovoNews

     Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска се извини на граѓаните што неколку дена останаа без вода, и призна дека нема механизми да го натера водостопанство „Кумановско-липковско поле„ да го зголеми дотурот на водата до филтер станицата.

    Дамјановски: Водостопанство ги понижува граѓаните

    Тој вели дека проблемот со водоснабдување во Куманово има исклучиво политичка, а не економска позадина, како што тврди раководството на Водостопанство против кое  најави тужби за загрозување на здравјето на луѓето.

    Затворањето на водата се случува десетина дена по прогласувањето на мојата победа. Методите кои ги применуваат ги понижуваат граѓаните, бидејќи ги оставија без вода пред празниците и на вакви горештини. Водење на психолошка војна со граѓаните не служи на чест на ниту една политика. Јас ги преземам сите мерки водоснабдувањето да се нормализира, но оваа работа мора да се тера институционално. Затоа денеска ќе поднесам кривични пријави против извршителите на овој акт, а паралено ќе барам помош од надлежните министерства и Владата да не дозволи некој да си игра со судбината на 120 илјади граѓаните на кои трпението им е при крај- изјави Дамјановски.

    Тој објаснува дека барањето на Водостопанство цената на водата да се плаќа по 5,2 денари за кубик е неприфатлива и е двојно повисока од претходните години. Тоа за 20 денари по кубик ќе ја зголеми водата за потрошувачите.

    Од Министерството за животна средина бараме да изготви тарифник кој беше ветен пред седум месеци, кој ќе ја регулира цената на водата во целата држава, како што е во другите сфери, за електрична енергија. На тој начин ќе сме обврзани да го потпишеме договорот со тарифник и ќе се регулираат односите меѓу двете претпријатија и нема некој по сопствено убедување и потреби да формира цена за продажба на сирова вода.  - вели Дамјановски.

    Градоначалникот тврди дека доколку се прифати цената на водата на Водостопанство, Куманово ќе плаќа најскапа вода во државата. Во текот на денот раководствата на двете претпријатија се на состанок за да се договорат за спорните прашања.