Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дарко Петковски - Спејко од листата на „ За наше Куманово„ е нов советник во Советот на Општина Куманово.
На денешната седница советниците ја прифатија предлог - одлуката за верификација на мандатот на Петковски, по што новиот советник положи заклетва.
Претседателката Ивана Георгиевска му го честиташе изборот и му посака добредојде во Советот, и успех во понатамошната политичка кариера.
„Задоволство ми што ќе бидат дел од овој Совет и да се заблагодарам на граѓаните на Куманово што ми ја дадоа поддршката“, кажа Петковски во своето прво обраќање пред советниците.
Петковски дипломирал на Факултетот за физичка култура во Скопје, во моментот ја врши функцијата спортски директор на Кошаркарскиот клуб Куманово, покрај тоа е и спортист, пејач, инфлуенсер.
Тој доаѓа на местото на Николај Павловски, кој си поднесе оставка.