Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици од различни националности дефилираа, играа фудбал и се дружеа на спортското игралиште во селото Старо Нагоричане.
Манифестацијата има за цел да го промовира спортот како симбол на заедништво и толеранција. Во Старо Нагоричане дојдоа гости од општините Центар, Тетово, Прилеп, Шуто Оризари и Врапчиште.
Вие знаете дека Општината Старо Нагоричане помогна многу млади луѓе да се образуваат, да осознаат и да се дружат со нивните другарчиња од Република Македонија. Сите заедно да имаме што подобро образование и да работиме на развој на општината. Гостите ги запознавме со самата општина и со плановите за развој. Се надеваме дека ќе направиме подобри услови за живеење на самите жители и во исто време да овозможиме други луѓе да дојдат и да инвестираат - изјави Миодраг Јовановиќ, градоначалник на општина Старо Нагоричане.
Градоначаникот на Врапчиште, Бајрам Кадрија смета дека ова е добра начин децата меѓусебно да се запознаат.
Преку овој проект учениците од Старо Нагоричане видоа каде е во нашата општина, а нашите деца се о каде се наоѓа Старо Нагоричане. Ова е прилика да се дружат и сигурен сум дека тоа дружење ќе го продолжат на Фејсбук. Организаторите треба да се продолжи со ваквите проекти - додаде Кадрија.
Спортското дефиле е под покровителство на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, а го реализира Геостратешкиот институт “Глобал“.
Сите ученици кои биле активни, исто како и општините, поединци и училишта ќе добијат соодветни награди. Овој настан Република Македонија ќе ја претстави на реномиран собир во Сочи. Се надеваме дека ќе добиеме и награда - смета Иван Анастасовски.
На дефилето имаше двесте деца. По завршување на спортските активности тие ја посетија мегалитската оперваторија Кокино.