Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици од основното училиште „Кочо Рацин„, денеска на неколку локации во градот го регулираа собраќајот, ја мереа брзината на возилата и правеа алко-тест на возачите.
Доколку некој од учесниците во сообраќајот ги кршеше сообраќајните правила, децата-полицајци им изрекуваа опомени и им делеа флаери како да ја поправат грешката.
Овие активности се дел од проектот „Дете-полицаец„, наменет за градења на доверба помеѓу децата и полицијата и зајакнување на сообраќајната култура на сите учесници во сообраќајот- вели Виолета Богдановска од одделот за превенција.
Предходно учениците ја посетија полициската станица вои Куманово, ги разгледаа работните простории на вработените и се запознаа со раководителите на секторите.