Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
“Еко есен во нашата градинка“ е акција, која денеска ја организираа вработените од градинката Бубамара, а децата собираа лисја во дворот.
Вработените велат дека преку наставата се трудат да развијат еко свест кај децата, а четири пати годишно го чистат дворот на градинката.
Денеска е Светскиот ден на акцијата за училиштата и градинките низ целиот свет, и се преземаат активности за поодржлив свет. За таа цел изработена е компостана во дворот за суви лисја. Потоа децата ќе продолжат со активности во своите занимални - рече Билјана Чунгурски, воспитувач координатор за екологија.
Децата го посетиле и индустрискиот дел околу градинаката, за да се запознаат како се загадува и како да се заштити животната околина.
Ги средуваме површините за да имаме убав еколошки простор каде децата можат да си играат. Екологијата ни се протнува во сите теми. Децата добиваат сознанија и се вклучуваат со плакати, флаери во подигнување на еколошката свест - изјави Лидија Јаневска, одговорен воспитувач.
Во акцијата за чистење придонес дадоа и учениците од средните училишта “Перо Наков“ и “Наце Буѓони“.
По сите предмети имаме одреден број на часови за екологија, штедење на енергија, вода, на сите ресурси што не се обновливи. Денеска освен што овде помагаме, дел од членовите на еколошката секција ќе делат флаери на граѓаните за штедење на вода на Градскиот плоштад од 11 часот - вели Славица Караникиќ, наставник по билогија во Техничкото училиште “Наце Буѓони“.
Претходно децата од оваа градинка имале предавања од ученици од Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ со кое исто така имаат соработка.