Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во рамки на Недела на имунизација, денеска вакцина ќе примат децата од липковското село Гошинце, а во четврток мобилни екипи ќе вакцинираат деца во населба Средорек.
Во Детскиот диспанзер нормално се одвива вакцинацијата. На тоа се работи континуирано. Посебно акцент ќе биде ставен на децата кои ги испуштиле вакцините од нивни лични причини. Теренска вакцина ќе има во четврток во Средорек. Покани се пратени преку патронажните служби. Ќе бидат опфатени и многу планински села кои се оддалечени. Ќе бидат вакцинирани со вакцини кои се предвидени со календарот за имунизација - вели Славица Ристовска, од стручната служба во Детски диспанзер.
Активностите од недела за имунизација ги спроведуваат вработените од Детскиот диспанзер и од амбулантата Тоде Мендол во соработка со Центарот за јавно здравје.