×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дедо Мраз нaместо со падобран, стигна пеш

    29.12.2011 15:12 | KumanovoNews

    Дедо Мраз денеска не слета со падобран на градскиот плоштад во Куманово, поради тоа што имаше магла и времето беше многу ладно.

    Дедо Мраз нaместо со падобран, стигна пеш

    Според програмата на локалната самоуправа Дедо Мраз требаше да ги донесе подароците на најмалите точно напладне, но по едночасовно задоцнување ги израдува доаѓајќи пешки.

    Разочарувањето е присутно кај сите нас, бидејќи направивме се да му овозможиме на Дедо Мраз да се спушти со падобран, но не успајавме затоа што авионот од Петровец не можел да полета од маглата. Дедо Мраз сепак пристигна и ги израдува најмалите. Но и покрај тоа имаше убава програма со многу учесници- вели Жика Крстевски, раководител во Секторот за култура.

    На приредбата учествуваа членови на балетската група „Мак„ и пејачи на детскиот фестивал Детелинка.

    Најмладите на Градскиот плоштад ги поздрави градоначалникот Зоран Дамјановски, кој им посака многу здравје и безгрижни детски денови.