Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Триесетина Дедо мразовци на мотор прошетаа по кумановските улици.
Нивната мисија беше да однесат подароци на децата во Дневниот центар со интелектуална попреченост до 18 години, кој се наоѓа во градинката кај поранешен „ЧИК„.
Мото-клуб „Мечки„ од Куманово, четврта година по ред организира хуманитарна акција за децата со посебни потреби. На еден симболичен начин им ги честитаме новогодишните празници со пакетчиња и други подароци за да ги израдуваме. Оваа година ни се придружија и нашите пријатели од мото-клуб „Индијанс„ од Куманово, „Шар-планинци„ од Тетово и други пријатели од Скопје- вели Ивица Петковски од мото-клубот „Мечки„.
Во мото-клубот „Мечки„ членуваат околу 20 членови од Куманово.