Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Осумдесет и двегодишен дедо со остар предмет нападнал и повредил внук, во село во општина Старо Нагоричане.
Нападот се случил утринава во 05.00 часот.
„Во СВР Куманово било пријавено дека во село во општина Старо Нагоричане, по претходна расправија, Д.Б.(82) со остар предмет го нападнал својот 37-годишен внук, кој се здобил со повреда. Тој бил пренесен во Општа болница Куманово за укажување помош“, соопшти Кумановската полиција.
Полицијата извршила увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.