×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дел од матурантите во Куманово ја бојкотираа наставата

    21.01.2021 12:48 | KumanovoNews

    Дел од матурантите во Куманово денеска ја бојкотираа онлајн наставата.

    Дел од матурантите во Куманово ја бојкотираа наставата

    На почетокот на второто полугодие од учебната година тие бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура-што е спротивно на ставот на МОН дека оваа година нема да има измени во бројот на испити. 

    Од Секторот за образование при Општина Куманово, велат дека на онлајн наставата не се вклучиле матурантите од Техничкото училиште „Наце Буѓони“ кои посетуваат настава на македонски јазик и дел на албански јазик, матурантите во Гимназијата „Гоце Делчев“, како и матурантите од „Сами Фрашери“.

    Матурантите од средните училишта „Перо Наков“ и „Киро Бурназ“ од Куманово денеска не се приклучија на бојкотот и започнаа да ги следат часовите од второто полугодие.

    Филип Трајковски, матурант и претседател на ученичкиот парламент во гимназијата „Гоце Делчев“, вели дека од утре ќе им се придружат и матурантите од економското училиште „Перо Наков“, а во контакт се и со другите училишта од кои очекуваат поддршка.

    „Бараме да се скратат предметите за полагање од 4 на два. Да се полага мајчин јазик и уште еден предмет којшто ќе треба за упис на факултет. Немаме ние ништо против професорите, единствено гледаме дека образовниот систем пропаѓа и затоа бараме промени. Бојкотот ќе остане и во наредните денови се додека не оствариме средба со министерката“, - вели Трајковски.

    Бојкот е поддржан од Сојузот на средношколци на Македонија.