×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дел од улицата Ленинова да стане двонасочна, побара советникот Јаќимовиќ

    16.06.2021 12:04 | KumanovoNews

    Улицата „Ленинова“ која поминува пред поранешен „Вартекс“ наместо еднонасочна да стане двонасочна побара советникот на НСДП, Благојче Јаќимовиќ на вчерашната седница на Совет.

    Дел од улицата Ленинова да стане двонасочна, побара советникот Јаќимовиќ

    Во има на граѓаните на месната заедница Центар, тој пред советниците и градоначалникот објасни дека со новото сообраќајно решение ќе се намалат гужвите во сообраќајот и ќе се олесни комуникацијата на жителите од „Октомвриска револуција“ со централното градско подрчје.

    „Дали постои можност да бидат укинати некаде околу 6 паркинг места и од почетокот на улицата „Димитар Влахов“ до почетокот на „Народна револуција“ во должина од дваесетина метри оваа улица да биде двосмерна. Се работи за краток дел кој нема многу да смени, а ќе се намали фрекфенцијата на ул. „Климент Охридски“ која сега е тесно грло во сообраќајот“, кажа Јаќимовиќ.

    Градоначалникот Максим Димитриевски, рече дека е запознаен со проблемот и граѓаните веќе побарале од Општината да се реши овој проблем.

    Од наша страна поднесена е проектна докумантација за времена измена на сообраќајот до МВР и чекаме одговор. Доколку стигне одговорот и до јули може да се заврши работата“, кажа Димитриевски. 

    Одлука треба да ја изгласа Советот на Општина Куманово.

    (С.Н.)