×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Делегација од Куманово се запозна со управувањето на отпад на Кипар

    19.05.2014 10:34 | KumanovoNews

    Делегација од Куманово во која беше градоначалникот Зоран Дамјановски, претставници од одделението за животна средина и од североисточен плански регион беше во студиска посета на Кипар каде се запознаа со начинот на кој таму се управува со отпадот.

    Делегација од Куманово се запозна со управувањето на отпад на Кипар

    Посетивме две - три дестинации во три региона за да направиме директен увид како во Кипар се решава проблемот со справување со отпад. Имавме можност да видиме една модерна депонија по сите европски стандарди во регионот Пахос, а она што посебно е интересно и што е предложено како едно од можните сценарија во понатамошното решавање на справувањето со отпад во нашиот регион беше постројката или таканаречена модерна фабрика за преработка на отпад во Ларнака. Самата инсталација предвидува селектирање посебно на картон, пластика, посебно на лименки од безалкохолни пијалоци, а она што останува е своевиден ситен компост кој не се користи за наѓубрување на земјоделски површини, туку служи како своевидно гориво во цементарниците или за санирање и прекривање на поранешни депонии - изјави Атина Мургашанска, раководител на стручна служба на регионален одбор за управување со отпад во СИПР.

    Специфично за Кипар е тоа што за справувањето со отпад се грижи Министерството за внатрешни работи, а Министерството за животна средина претежно е фокусирано на законските прописи.

    Студиското патување е дел од проектот “Изработка на регионални планови за управување со отпад за североисточниот и источниот регион„.