Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Директорот на Водостопанство Кумановско-Липковско Поле Куманово, Дејан Божиновски ги демантира информациите што вчера на прес конфернција ги изнесе градоначалникот Зоран Дамјановски, околу проблемот со чистење на коритата на реките што предизвикаа поплави во неколку села.
Во демантот испратен до редакцијата на kumanovonews се вели:
На прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ е посочено „формирање на кризен штаб и комисија за проценка на штети од оваа непогода„ ШТО Е ИСКЛУЧИВА НАДЛЕЖНОСТ НА ГРАДОНАЧАЛНИК И ЛОКАЛНА САМОУПРАВА.Чистење на речни корита се одвива согласно годишни Акциони планови на Влада на Република Македонија а за спроведување на истите е задолжено Кординативно тело.Непосреден носител на активности е Дирекција за заштита и спасување на РМ. Наместо да митингува пред телевизии, и да маршира, Градоначалникот би требало да си ги научи сопствените надлежности. Регулација на речно корито претставува ИЗГРАДБА НА РЕГУЛИРАНО РЕЧНО КОРИТО ПРЕКУ ПРОЕКТ. На територија на општина Куманово во последни 4 години се исчистени повеќе од 50 километри речни корита од страна на Влада на Република Македонија, така да најостро ги демантираме шпекулациите на г-н Дамјановски.