Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Светскиот ден на културното наследство - 18 април, денеска бесплатен ќе биде влезот во сите музеи и локалитети низ државата.
И граѓаните на Куманово денеска ќе можат да го посетат музејот и локалитетите кои се под надлежноста на Кумановскиот музеј. Тоа се мегалитската опсерваторија Кокино, Меморијалниот центар Пелинце и постојаната поставка во објектот на Музеј Куманово, во центарот на градот.
Директорката Мери Николиќ вели дека се обезбедено водичи за сите локалтитети.
„Од утрово веќе имавме посетители, претежно повозрасни сограѓани - пензионери кои ја искористија можноста да ги погледнат артефактите и изложените предмети во Музејот во градот. За денеска имаме најавено посета од учениците од „Вера Которка“ од Клечовце, како и од други училишта. Музејот работи до 16 часот“, изјави Николиќ.
Македонската култура и уметност - богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува стоеше во најавата по повод 18 Април на Министерството за култура.