Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска и утре без струја ќе останат потрошувачите на една населба и повеќе села во кумановско и липковско.
Поради планиран прекин на дистрибутивниот систем за електрична енергија денеска од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе останат жителите на населбата Долно Којнаре.
Утре, среда, од 08:00 до 12:00 часот кумановските села Пчиња, Студена Бара, Вак'в, Винце, Краста и Романовце.
Во истиот период од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат липковските села: Гошинце,Стрима, Лукаре, Пресницa, Глажња, Филтер станицата и браната во Липково.