×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска е „Свети Никола„

    19.12.2011 09:04 | KumanovoNews

    Православните христијани денеска го празнуваат „Свети Никола„ Чудотворец, светецот заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците...

    Денеска е „Свети Никола„

    „Свети Никола„ е еден од најпочитуваните светци, a го слават и православните и католиците, но и дел од муслиманите, особено во Турција. Во Македонија  има многу цркви и манастири кои се посветени на овој светец.

    „Свети Николај„ Чудотворец, архиепископ Мирликиски се смета за заштитник на морињата. На христијанските бродови обично се наоѓа иконата на светителот, а спроти денот на славењето бродовите застануваат каде и да се наоѓаат, се фрла сидрото во морето, ќе се помолат и ќе прославуваат цел ден, а утредента ќе го продолжат пловењето.

    Христијаните веруваат дека „Свети Никола„ Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите. Во Германија, Холандија и Белгија се празнува како детски празник кога децата добиваат разни поклони во зависност од тоа кој колку бил послушен во текот на изминатата година. Во православната црква е еден од најголемите и најпочитуваните светци.

    Во христијанскиот календар, свети Никола се слави на 6 декември според стариот календар и на 19 според новиот. Бидејќи е во време на божиќните пости, се слави со посна храна.

    Во Куманово најстарата црква го носи името на „Свети Никола„, по повод празникот денеска ќе се служи свечена литургија. Најголем дел од православните верници во Куманово го слават овој празник како домашна слава.

    Семејствата со богата посна трпеза на која преовладуваат рибата и посните сарми ќе го прослават празникот. „Свeти Никола„ се поистоветува и со најомилениот лик во светот на децата популарниот Дедо Мраз.