Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска и утре без електрична енергија ќе останат потрошувачите на повеќе улици во градот, во приградските населби и села.
Поради планирани прекини денеска од 08 до 10 часот, без струја ќе бидат дел од ул.Тоде Думба,Теофан Економов, Драган Стопаревиќ, Панчевска и Никшичка.
Од 08 до 14:30 часот прекин во снабдувањето ќе имаат дел од корисниците од селата Сопот, Воиновиќ и Табановце.
Од 11 до 13:30 часот дел од корисниците од ул.Драган Стопаревиќ, Васил Драгомански и Стојан Арсов.
Од 08 до 14:30 часот, исклучени од системот ќе бидат потрошувачите од населбите Иго Тричковиќ, Тромеѓа, Младо Нагоричано, Багремов Цвет, Мајорово Трло, Зебрњак - каменолом и Слатино.
Утре од 08 до 10 часот без електрична енергија ќе останат ул. „Перо Наков“, „Трета МУБ“, Силк банка, Ѓуро Ѓаковиќ, Кирил и Методиј, Народна револуција, Гоце Делчев и Илинденска.
Од 11:00 до 13:00 часот, струја ќе нема на ул. Ангел Шајче, Коста Абрашевиќ, Народна Револуција, Детска градинка во круг на Пионерскнерски дом, Кирил и Методиј и Трета МУБ.